Чешка на Украина ѝ испратила тенкови Т-72 и возила БВП-1

Прага, 5 април 2022 (МИА) – Чешка ѝ испрати на Украина неколку тенкови Т-72 и неколку борбени пешадиски возила БВП-1, изјави неименуван претставник од чешкото Министерство за одбрана.

Претходно, чешката телевизија објави снимки од Твитер на кои се гледаат пет тенкови и пет борбени возила товарени на воз.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова одби да ги потврди или да ги демантира деталите за чешката помош за Украина.

„Можам само да Ве уверам дека Чешка ѝ помага на Украина колку што може и ќе продолжи да помага со воена опрема“, истакна Чернохова.

- Реклама -