Сателитските снимки направени вчера, од страна на американската приватна компанија Maxar Technologies (MAXR.N), покажуваат дека рускиот воен конвој на северот од Киев се протега околу 40 милји, односно речиси 64.5 километри, а не 27 километри (17 милји), како што беше пријавено претходно во текот на денот, објави Ројтерс.
Според MAXR.N, забележани се и дополнителни копнени трупи и борбени хеликоптери во јужна Белорусија, помалку од 32 километри од Киев.
Генералштабот на украинската армија веќе соопшти дека војска на Белорусија се движи кон Украина.
70/ Two more images from that Russian convoy, including the alleged burning homes.
📸: @Maxar pic.twitter.com/s6mmsny3lC
— Evan Hill (@evanhill) March 1, 2022