Украински ГШ: Најподготвените формации на војската на Белорусија се движат кон Украина

Киев, 1 март 2022 (МИА) – Одделни единици од составот на борбено најподготвените формации на вооружените сили на Белорусија, почнаа да се движат кон државната граница на Украина, се наведува во синоќа објавениот извештај на Генералштабот на украинската армија.

Се прецизира дека белоруски трупи се движат кон границата со Волинската област на северозапад од Украина.

Во соопштението се наведува и дека територијата на Белорусија сѐ уште се користи за борбени задачи на армијата, оперативно-тактичката и специјалната авијација на вооружените сили на Руската Федерација, за извршување задачи на територијата на Украина, пренесува украинската агенција УНИАН.

Генералштабот додава дека руските војници во текот на денот прегрупирале и складирале оклопни возила и ракетно и артилериско оружје во одредени области, пред сѐ со цел да го опколат и заземат Киев и големите украински градови, особено Харков, Чернигов, Одеса, Херсон и Мариупол.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер
- Реклама -