Радев за средбата на Пендаровски со ОМО Илинден: „Секое барање за реципроцитет во граѓанските права е контрапродуктивно“

„Постапките и однесувањето на претседателот на Република Северна Македонија не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на РСМ кон ЕУ“, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев пред неговото учество на настанот „Светот напред 2022“ во организација на „Економист“, одговарајќи на новинарско прашање за средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со ОМО Илинден, пренесе БТА.

„Секое барање за реципроцитет во граѓанските права е контрапродуктивно. Македонските Бугари се борат за еднаквост која ќе биде загарантирана во нивниот устав со регистрирање. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот на државата. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и тврдењата за малцинство на луѓето со кои се среќава Пендаровски“, тврди Радев.

Прочитајте и:  Весник „Илинден": Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

Сепак, Радев истакнал дека „Бугарија е секогаш отворена за дијалог“.

„Бугарија цело време иницираше дијалог, и кога политичарите на РСМ беа на турнеја низ европските метрополи и ја избегнуваа Софија. Но мило ми е што тој дијалог почнува да се случува. Во контакт сме со претседателот Стево Пендаровски, но ќе бараме погоден момент за средба на високо ниво, секако зависи и од неговите постапки“, вели бугарскиот претседател.

- Реклама -