Петков за „Шпигел“: Ако сега се даде зелено светло за преговори тоа само ќе ги зајакне националистите

Копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ – Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за „Шпигел“ во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, вели дека треба да се формираат работни групи и да се остават да преговараат шест месеци, за да не ги одредуваат работите само националистите.

„Зошто нема летови и возови меѓу Софија и Скопје? Ајде да зборуваме повеќе за економија отколку за различни толкувања на заедничката историја. Или за учебниците во Северна Македонија во кои се тврди дека Бугарите се фашисти“, вели Петков.

Тој за „Шпигел“ оценува дека доколку се даде „зелено светло“ за пристапните преговори веднаш, без дискусија, само ќе ги зајакне националистите во двата табора.

Прочитајте и:  Средба на Сиљановска Давкова со Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ

„Ние се потпираме на преговори, а не на пропаганда“, рече Петков за „Шпигел“.

МИА

- Реклама -