Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ (ВИДЕО)

Скопје, 31 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев вечерва поднесе оставка од двете функции.

Им честиташе на сите прогресивни граѓани и им посака на избраните градоначалници од СДСМ доследно да извршуваат градоначалничката функција.

-Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори, рече Заев.

Тој додаде дека лично како човек е дел од СДСМ и од прогресивниот народ и нагласи дека останува дел од партијата.

- Реклама -