Ковачев: Го запознав Јанша со бугарската позиција за РСМ, тој поминал низ затворите и знае што е југокомунизам

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев се пофали дека денеска имал исклучително срдечна средба со Јанез Јанша – премиерот на Словенија, која го започна своето шестмесечно претседателство со ЕУ. На средбата, покрај со состојбите во Бугарија, Ковачев го запознал Јанша и со бугарската позиција во однос на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Од изјавата на Ковачев, јасно се гледа дека тој очекува големо разбирање за Бугарија од страна на Словенечкото претседателство:

„Јанез Јанша е човек со огромно искуство. Тој по втор пат го води претседателството на Словенија – во 2008 година и денес. Минал низ затворите на поранешна Југославија и знае што е југокомунизам. Од срце му посакав успех на Словенечкото претседателство“, соопшти Ковачев.

- Реклама -