Пандев: Жал ми е, но шансите не се загубени (ВИДЕО)

Судбината сакаше Горан Пандев да биде човекот што ќе испише историја и ќе го постигне првиот гол за Македонија на Европско првенство во фудбал, иако нашата репрезентација го почна со пораз од 3-1 против Австрија.

Тој пак, во изјавата по мечот, не го криеше разочарувањето што не дебитиравме со подобар резултат, а посебно му е жал, рече, за оние кои отидоа во Букурешт да ја бодрат македонската репрезентација од трибините. Сепак, Пандев истакна дека дале максимум, но и дека уште ништо не е завршено.

Како што рече капитенот, како за прв меч на ЕП, ова е едно големо искуство. Одигравме добро, особено во првите 70 минути, но Австријците се физички многу помоќни и имаат подобра клупа, а тоа, заедно со нашите неискористени шанси и нереализираните контри, доведе до несреќен втор примен гол по кој натпреварот беше решен, оценува Пандев.

„Шансите не се загубени. Сега треба да се одмориме и да се подготвуваме за Украина. Нѐ очекува уште еден тежок натпревар. Тој меч треба да го одиграме отворено бидејќи веќе нема што да загубиме“, заклучи Пандев.

- Реклама -