Полициски час од 20 часот, кафулињата под клуч? Следете го пресот на Заев и Филипче (ВО ЖИВО)

Полициски час од 20 наместо од 22 часот, но и целосно затворање на угостителските објекти во следните две недели, предложил денеска Централниот кризен штаб за справување со коронавирусот.

Според извори од штабот, предлогот е овие мерки да стапат на сила веќе утре, а причината се големиот број на новозаразени и пред сѐ починати во изминативе денови, како и преполнетоста на болниците.

Според информациите од Министерството за здравство, на инфективните оддели во Скопје и во другите градови се лекуваат вкупно 1.720 пациенти со ковид-19. Според МЗ, во државата на располагање има уште околу 230 болнички кревети.

По барањето на кризниот штаб, Владата закажа итна седница. Одлуките, на заедничка прес-конференција во 14.00 часот, ќе ги соопштат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот за здравство – Илир Хасани, и претседателот на Комисијата за заразни болести – д-р Жарко Караџовски.

- Реклама -