ВМРО-ДПМНЕ: Кој „грев“ е поголем, тоа што Менкиновски му е адвокат на Камчев, или што го бранеше Заев во „поткуп“?

„Тони Менкиновски е адвокат со повеќедецениско искуство. Освен тоа што во моментот е адвокат на бизнисменот Јордан Камчев, тој бил и адвокат на Зоран Заев во случајот ‘поткуп’, со снимката каде што целата јавност виде дека Зоран Заев бара мито од 200 илјади евра, евро за црквата – евро за Вицето, истата таа снимка која судот на Заев ја забрани“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ обвини дека тоа што Менкиновски го брани Камчев е доказ за спрегата меѓу Мицкоски и Камчев.

„Водејќи се по оваа лажна прес конференција, би запрашале кој ‘грев’ е поголем; тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп?

За разлика од СДС кои контруираат лаги, ние зборуваме со факти и фотографии.

Но она што треба да се разјасни е следново:

По аналогијата на СДСМ, прашуваме: дали апсењето на Камчев е лична освета на Заев поради случајот Рекет каде е компромитирано целото СДС?

Што знае Камчев за парите од рекетот, а поради што се плаши Зоран Заев?

Колку средби имал Заев со Јордан Камчев и дали на нив е зборено за пари?

Дали Камчев знае точно каде се отидени парите од рекетот за кои првоосудениот Бојан Јовановски рече дека треба да се бараат во Струмица, кај Вице и Зоран Заев?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -