„Преземање навремени мерки за заштита на правата на бугарските граѓани во странство, кои се предмет на напади само поради својата национална самосвест“ – била темата на денешниот состанок на бугарскиот претседател Румен Радев со шефовите на бугарските безбедносни служби, на кој присуствувала и потпретседателката Илијана Јотова, соопшти неговиот кабинет.
Како што се наведува во соопштението, поводот за средбата е писмото испратено до него од страна на Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола (од каде неодамна предложија за граѓаните што ќе се изјаснат како Бугари на претстојниот попис да има поедноставена процедура за добивање бугарско државјанство), но и лични поплаки на Бугари од земјава – за зачестени повреди на нивните права само поради фактот што се самоопределуваат како етнички Бугари.