Заев за замерките на ВМРО-ДПМНЕ за личните карти: Сакаат да водат љубов, ама никако да не го прегрнат партнерот

„Сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот“ – такво е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во однос на предложените измени во личните карти, оценува премиерот Зоран Заев, прашан да ги коментира замерките на најголемата опозициска партија, која бара етничката припадност да биде дел од документот, но не и придавката „Северна“.

Тој порача опозицијата да не бара замерки и да го поддржи законот.

„Дефинитивно треба да се поддржат вакви работи бидејќи сме мултиетничка држава, јас знам дека има дебати и следам дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никогаш не сме се криеле ниту некој од својот идентитет се срамел, напротив, сме се гоордееле и како мултиетничко општество сите се гордееме со етничката разноликост по која сме препознатливи и сме пример за соживот и можат многу развиени земји да учат од нас“, истакна Заев, пренесува „360 степени“.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Во однос на придавката, премиерот потенцира дека законските решенија се кројат не само согласно со Договорот од Преспа, туку и со Уставот на државата, според кој државното име е „Република Северна Македонија“.

- Реклама -