Уште еден пример на „никој не е над законот“ во Скопје: Преку тротоар ја прелета колоната (ВИДЕО)

По перформансот на Бурим Харачина (кој според ВМРО-ДПМНЕ е „заштитената мечка“ Бурим Маслан, добро познат на полицијата), кој покрај тоа што мораше да избегнува некои си небитни двоножни суштества додека си го снимаше Бентли-то на украсениот плоштад, ја имаше и несреќата да плати 45 евра (со можност за кривична пријава во некое идно време), од скопските улици добиваме уште еден пример на „Во Скопје никој не е над законот“.

Овојпат се работи за извесен Ардијан Маслами, кој, покрај тоа што според објавеното на социјалните мрежи многу личи на Бурим, исто така имаше мала непријатност со слични такви суштества, кои безобразно му го блокираа патот поради црвено светло на семафорот. За среќа, Маслами релативно лесно ја избегна нивната будалаштина, прелетувајќи покрај колоната преку тротоарот/велосипедската патека.

- Реклама -