Димовски: Браво Чешка и Словачка, ова е поради обидот за „бугаризација“ на св. Кирил и Методиј!

„Чешка и Словачка со најава за вето за Бугарија… Бравооооооо….“, пишува на Фејсбук екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Илија Димовски, по веста дека заклучоците на ЕУ за Западен Балкан повторно се блокирани, но овојпат не од Бугарија, туку од Чешка, Словачка и Австрија, кои сметаат дека „премногу ѝ се попушта“ на нашата источна соседка.

Според Димовски, оваа реакција на Чешка и Словачка се должи на тоа што бугарското собрание ја прогласи кирилицата за бугарска азбука:

„Ова е заради обидот за ‘бугаризација’ на св. Кирил и Методиј“, пишува Димовски, па додава: „Нема предавање! Да живее борбата за Македонија!“.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови
- Реклама -