На овој датум пред точно 23 години, кошаркарскиот клуб, Бостон Селтикс одлучи да ја повлече 33-ката на Лери Бирд, нешто по неговото пензионирање.
Роден е на 7ми декември 1956 година во Вест Бејден, Индијана. Целата своја кариера игра во Бостон Селтикс (1979-1992), каде се пензионира и останува запаметен како еден од најдобрите играчи кои заиграле во НБА лигата. Во 13 годишната кариера во НБА, има настапувано на 12 Ол Стари, а три пати во ред бил прогласуван за Ол Старс МВП (84`-86`). Со Бостон има освоено 3 титули бил прогласуван за МВП на две финалеа. Во 1992 година, настапуваше за Дрим тимот на САД кој го освои златниот медал на Олимпијадата во Барса.
Во 1996-тата Бирд беше избран во 50 годишнината златна петорка на НБА. Од 1997 до 2000 година Бирд беше тренер на Индијана Пејсерс, а од 2003 станува претседател на клубот.
Ќе биде запаметен како еден од најинтелигентните кошаркари на сите времиња. Од оние хероите кои секогаш во одлучувачките моменти работата ја преземале во свои раце.
Да се потсетиме на неговите игри…