Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржала ветото на Бугарија за Македонија

Холандската амбасада реагира на веста објавена во софискиот „24 часа“, а која ја пренесоа и македонски медиуми, вклучително и ние, според која и Данска и Холандија го поддржале ветото на Бугарија за почеток на преговорите за ЕУ на Македонија.

„Неоснована и лажна е веста што излезе во некои медиуми во текот на вчерашниот ден дека Холандија ја поддржала Бугарија во блокадата на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Европската Униија (ЕУ)“, се вели во реакцијата.

Од Амбасадата на Кралството Холандија потсетуваат дека на 30 октомври годинава холандската Влада донесе одлука со која го информираше холандскиот парламент дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

„Овој став останува, се разбира, непроменет“, велат од амбасадата. „Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка“.

„24 часа“, инаку, го цитираше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој исто така тврди дека „Бугарија можеби не е сама во блокадата“.

- Реклама -