Захариева: Сега е неопходно РС Македонија да ги признае историските реалности околу создавањето на новиот национален идентитет

„Бугарија прва ја призна независноста на тогашната Република Македонија. Бугарија одамна ги призна современите политички реалности. Таа секогаш ги поддржувала независноста и државниот суверенитет на РС Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш го порекнувала правото на самоидентификација на своите граѓани.

Затоа е неумесно да се импутираат тези во обратен правец, како меѓу граѓаните на нашите две земји, така и на меѓународно ниво“, изјави бугарската министерка за надворешни работи – Екатерина Захариева, на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија – Бујар Османи, кој е во посета на Бугарија, како претходница на најавената средба на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.

„Сега е неопходно РС Македонија да ги признае историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет“, продолжи Захариева, пренесува БГНЕС. „Бугарија не сака ништо повеќе освен да се исполнат одредбите од Договорот за добрососедство. Како што гласи јазичната одредба во договорот, така сакаме да се одразува во сите документи меѓу двете страни. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат тези и проблеми таму каде што ги нема“, додаде шефицата на бугарската дипломатија.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

- Реклама -