Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одби смена на Мицкоски

На вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а поради барањата на поранешни членови и функционери за промени во врвот на партијата поради лошите изборни резултати, лидерот Христијан Мицкоски самоиницијативно поднел предлог за вонреден конгрес на кој би се бирало ново раководство, а на кој самиот тој немало да се кандидира. Сепак, според информации од партијата, кои потоа ги потврди и Мицкоски, Централниот комитет едногласно го одбил предлогот, со што Мицкоски доби поддршка да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од партијата, Мицкоски пред членовите на ЦК направил осврт на целокупното раководење на партијата и повикал на дискусија.

„Отворено се дискутираше за моето управување со партијата, како ја затекнав и што сѐ е направено. Јас не бегам од моите принципи. Иако до денес немаме официјална иницијатива за вонреден конгрес, јас тоа го предложив и реков дека на тој конгрес нема да се кандидирам. Се повлеков по што членовите на ЦК ме информираа дека не се согласуваат со мојот предлог. Ова ми дава полн легитимитет за водење на партијата“, изјави Мицкоски.

 

- Реклама -