Реџепи: Премиер Албанец тргнато од преговарачка маса, Алијанса-Алтернатива е на добар пат за договор со коалицијата „Можеме“

Коалицијата Алијанса-Алтернатива е на добар пат за договор за формирање мнозинство со коалицијата „Можеме“, тврди генералниот секретар на Алтернатива и новоизбран пратеник, Скендер Реџепи за „ТВ21“.

„Секако првото начело на нашата коалиција беше да очекуваме реализација на ветувањето или поинаку кажано на предизборната лага на ДУИ во врска премиер Албанец. Но, по изјавата на претседателот на СДСМ, кој ја тргна од преговарачка маса оваа тема, ние сметаме дека ДУИ конечно го изгуби легитимитетот за преговарање во влада. Така што, по давањето мандат од претседателот на државата на претседателот на СДСМ, коалицијата АА-ААА и официјално ќе одржи преговори за влада и имајќи ја предвид подготвеноста на мандатарот за исполнување на програмската платформа и на нашата коалиција, сметаме дека сме на добар пат до договор“, истакна Реџепи, додавајќи дека официјалните преговори се очекува да започнат следната недела.

Од друга страна, и од ДУИ велат дека првите сигнали од вчерашната средба Заев-Ахмети се надежни.

Ни ДУИ ни ВМРО-ДПМНЕ, пак, не откриваат што конкретно се зборувало на едночасовната средба меѓу лидерите на партиите – Али Ахмети и Христијан Мицкоски..

- Реклама -