Мијалков за „бомбата“: Ниту сум се договарал, ниту имам договор со Заев

„Со Зоран Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор. Прв пат слушнав за такво нешто од разговорот кој го објавија некои портали, каде што се споменува моето име“, вели поранешниот шеф на УБК – Сашо Мијалков, за „Плусинфо“, откако денеска беше објавена снимка од разговор на експремиерот насловена „Зоран Заев се договарал со Сашо Мијалков“.

„Во објавениот разговор не знам ниту за кој Сашо се мисли, но порталот Инфомакс, кој прв го објави разговорот преземен од останатите, извлекува некаков заклучок и ме инволвира мене без воопшто да се обидат да ги проверат информациите. Подолг период истиот портал се обидува да ме дискредитира со невистини и лажни вести“, вели Мијалков.

Според него, од ваквите напади најголема штета трпи ВМРО-ДПМНЕ. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -