ГОБ „8 Септември“: Од 140 хоспитализирани од Ковид-19, 100 се на кислородна поддршка

Градската општа болница „8 Септември“ продолжува да се бори со доделената улога на најголем ковид центар во државата, каде се згрижуваат најтешките случаи. Во моментов таму се хоспитализирани 140 пациенти.

Од нив, дури 100 се ставени на кислородна поддршка, се зголемува и бројот на пациенти на механичка вентилација – 17 се на респиратор, објави „Сител“.

Сите се во тешка здравствена состојба, а меѓу нив има и 30 кои покрај ковид имаат друга основна болест и бараат постојан третман бидејќи постои можност да дојде до згрутчување на крвта.

Болницата секој ден прима по 15 до 20 позитивни или сомнителни пациенти, а поради големиот број на пациенти со со тешка состојба, има и недостаток на епидемиолози (прилогот погледнете го ТУКА).

Според податоците од Институтот за јавно здравје што ги објави Министерството за здравство, до утрово биле хоспитализирани 407 пациенти, двајца повеќе од вчера.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, како и 3 деца позитивни, а 4 со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти, а на респираторна машина до утрово биле поставени 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Бројките на хоспитализирани во последниот период, откако започна порастот на активни случаи и пациенти со потреба од болнички третман, согласно дневните податоци од ИЈЗ, изгледа вака:

 

- Реклама -