Османи: Денес бројот е уште позагрижувачки, шансите да бидете позитивни или да имате контакт се многу големи!

„Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем“, предупреди утрово вицепремиерот и шеф на владиниот Кризен штаб – Бујар Османи, најавувајќи дека во последните 24 часа бројката на новозаразени е уште позагрижувачка од вчера, кога беа регистрирани 62 нови случаи.

„Затоа“, апелира Османи, „ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен.

Не е потребно многу да се заштитите:
– не верувајте во теориите на заговор
– маската го намалува преносот за 79%

Не биди причина за смртта на најблиските“, додава тој.

- Реклама -