Промоција на реставрирани филмови од Столе Попов

На 27 октомври, Меѓународниот ден за заштита на адуиовизуелното наследство, Кинотеката на Македонија ќе промовира ДВД едиција со 7 реставрирани филмови од македонскиот режисер Столе Попов.

Во оваа едиција влегуваат четири долгометражни играни филмови, како и три документарци. Реставрацијата се одвивала во Љубљана, со помош на тамошните експерти, а под надзор од претставници од Кинотеката на Македонија и професорот Апостол Трпевски.

За да се осигури квалитетен кран производ, најпрво било направено стабилизирање на сликата и изедначување на светлото, потоа следувало автоматско, па рачно чистење, дополнителна корекција на светлото и контрастот, за сѐ да се финишира со последна рачна реставрација.

Оваа реставрација е направена во Унгарската филмска лабораторија, каде што пред 16 години беше направена аналогна реставрација на целиот филмски опус на браќата Манаки.

- Реклама -