Тајните на слабите луѓе

Слабите луѓе се слаби поради многу причини, на некои од нив можете а на некои не можете да влијаете, но како и да е, за да останат такви тие имаат контрола над исхраната и животните навики.

Гените и тежината

Гените имаат огромно влијание врз тоа каква ќе биде вашата телесна тежина. Но, како и да е храната влијае без разлика што сите ваши блиски се слаби. Доколку не внимавате на исхраната гените нема да ве спасат.

Редовност на оброците

Слабите луѓе никогаш не прескокнуваат оброци, никогаш не стојат гладни по цел ден за на крајот да изедат неконтролирано многу храна. Запомнете, ова е главниот причинител за дебелеење.

Слабите луѓе ги набљудуваат килограмите

Слабите луѓе ги набљудуваат килограмите многу често. Тие еднаш во две недели задолжително се мерат, па секогаш знаат кога нешто не е во ред со нивната тежина. Тие не можат да си дозволат да се здебелат за 5 килограми а да не ни забелаежат.

Физичка активност

Слабите луѓе никако не го поминуваат денот пред телевизор со далечинското во едната рака, а пивото во другата. Запомнете, за здраво и витко тело секогаш треба да издвоите време за физички активности.

Изложеност на храна

Изложеност на храна – мислиме на храна која се наоѓа пред вас. Слабите луѓе не практикуваат пред нив постојано да има некои бонбони, колачи или нешто слично кои ќе ги тераат да јадат постојано. Запомнете, она што мозокот нема да го види нема ни да го изедете.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -