По завршувањето на првиот ден од НАТО Самитот во Лондон по повод 70-годишнината од формирањето на Алијансата, во чија завршна декларација предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добредојдена како 30-та членка, лидерите на земјите членки беа поканети на прием кај британската кралица Елизабета Втора, со која направија и заедничка фотографија.
Заедно со лидерите на земјите членки, на приемот присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кого на фотографијата ќе го најдете рамо до рамо со останатите лидери, веднаш зад (ако тоа нешто значи) Доналд Трамп и бугарскиот претседател Румен Радев.
Во објавата на официјалниот Твитер профил на кралското семејство, пишува:
„Официјална фотографија од Нејзиното височество, Принцот од Велс, Генералниот секретар на НАТО и лидерите на државите и владите од земјите членки кои ја формираат НАТО Алијансата“.
📷An official photograph of
Her Majesty The Queen, The Prince of Wales, NATO Secretary General and
Heads of State and Government from countries who form the North Atlantic Treaty Organisation. pic.twitter.com/DMQp3wGQ6m— The Royal Family (@RoyalFamily) December 3, 2019