Во наше време НОБ беше Народноослободителна борба, сега мачки бркаат

„Дури и соопштенијата ви се поглупи од името…“, пишува оперскиот пејач Игор Дурловски на Фејсбук, споделувајќи соопштение од директорот на Национална опера и балет (НОБ), во кое на вработените им се забранува да ги хранат мачките околу објектот.

Според соопштението на НОБ (која пред Преспанскиот договор се викаше Македонска опера и балет, aka. МОБ), доколку тоа го прават, вработените се соочуваат со дисциплинска постапка, а хонорарците – со „преиспитување на потребата од нивниот понатамошен ангажман“.

„Со почитувањето на оваа забрана ќе се придонесе за подобрување на хигиенската состојба на објектот и намалување на можностите за внесување на зарази и пapaзити“, се вели во соопштението.

Според извори на „А1он“, реакцијата на директорот била резултат на акцијата на вработени и хонорарни соработници кои решиле да собираат пари за лекување на болно маче кое нашло свое засолниште во просториите на НОБ. Вработени за порталот истакнуваат дека нивната иницијатива е единствено човечка и хумана и се запpeпастени од ваквото уценувачко барање од директорот.

Други вработени, пак, тврдат дека барањето е од самите нив, бидејќи невозможно било да се работи во такви услови. На ваквото соопштение реагираа и од здружението за заштита на животни – „Анима Мунди“. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -