Горбачов: САД се самопрогласија за победници, тоа е изворот на сите денешни проблеми

Крајот на Студената војна беше заедничка победа, но Западот самиот се прогласи за победник без да размислува за тоа како тоа ќе биде прифатено од Русија, вели поранешниот советски претседател Михаил Горбачов (88), во интервју за германскиот неделник „Welt am Sonntag“, во очи на годишницата од падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември.

„Најпрво САД се самопрогласија за победник, тврдејќи го тоа на сите страни. Не се заморуваа да размислат како тоа ќе го прифати Русија, која толку многу направи за ставање крај на Студената војна и трката во вoopyжување. Не размислуваа за тоа како тоа ќе влијае на односите на Русија и Западот“.

Западот почна да се однесува како сѐ да му е дозволено, тврди Горбачов, да користи cилa без одобрување на Советот за безбедност на ОН, да ги крши меѓународните договори, да воведува сопствени термини…

„Наместо да создадат нова архитектура на заедничка безбедност во Европа, беше почната експанзија на НАТО и сојузниците се самопрогласија за гаранти на мирот на нашиот континент и вон него“, додава тој.

Проблемот, според него, настанал кога политичарите на Западот не го поминале тестот на новата ера. „Тоа е корен и причина за сите денешни проблеми“, заклучува Горбачов, додавајќи дека дури сега политичарите стануваат свесни дека изолацијата на Русија им штети на сите. Потребна е заедничка работа за да се изнајдат решенија кои би им одговарале на сите, порачува тој.

- Реклама -