Хетерохромија: Убавината на шарени очи

Една од најфасцинантните варијации кои постојат кај луѓето (и некои други животни) е heterochromia iridis или heterochromia iridum – термини кои се користат за опишување на очи со различна боја кај иста личност.

Хетерохромијата, предизвикана од вишок или недостиг на меланин, може да настане како резултат на генетика, болест или повреда. Но која и да е причината, хетерохромијата секогаш привлекува внимание.

Постојат три типови на хетерохримија кај очите: Целосна, секторална и централна. Целосната хетерохромија е состојба во која двете очи имаат различни бои – на пример, едно кафено и едно сино око – и е највпечатливиот и најпознат тип.

Секторалната хетерохромија настанува кога во истиот ирис има две бои – малку боја, различна доминантната, во едното око. Централната хетерохромија подразбира ирис кој има две или повеќе целосни бои – на пример, сино око со златен прстен околу зеницата или виолетов прстен на надворешниот раб.

За луѓето кои имаат централна хетерохромија се вели дека имаат „мачкини очи“ но сите типови на хетерохромија се уникатни за секоја личност и се прекрасни. Хетерохромијата е релативно ретка и опфаќа само околу 1,1 процент од населението.

И покрај реткоста на оваа појава, таа е присутна кај неколку познати личности – Кејт Босворт, Џејн Симор, Мила Кунис и Мајкл Флетли. Можеби оваа појава им помага на познатите личнсти да бидат позабележителни.

Очите со хетерохромија се едни од најубавите во светот – изненадувачи, и за некои луѓе полни со мистерија. Сепак, луѓето со некоја форма на хетерохромија се исти како и сите други луѓе само малку поинтересни за гледање.

- Реклама -