Ништо не е завршено за Северна Македонија и Албанија, туку едноставно е одложено, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов од Брисел пред почетокот на вториот ден од самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ, додавајќи дека сега македонско-бугарската комисија ќе има на располагање 6-7 месеци за да го заврши сето она што е неопходно.
Борисов не сакал да зборува од името на Франција, но констатира дека никој не кажал „НЕ“ за Северна Македонија и Албанија, туку дека земјите сакале сѐ да биде максимално добро исполнето.
Борисов откри и дека разговарал со македонскиот колега Зоран Заев и го советувал да не дава оставка.
„Мојот совет кон Заев беше да не си дава оставка, бидејќи заврши многу работа и има уште многу да се направи“, рече Борисов.
Тој додава дека и лидерите на земјите членки истакнале дека Македонија и Албанија завршиле многу работа, како и дека Европскиот совет cтpaвува дека ќе постои опacнocт ако во двете земји дојде до подем на cилитe кои „би се вратиле назад“. Но, исто така, неспорно е дека постои и cтpaв од проширување, затоа земјите членки сакаат сѐ да биде максимално исполнето, додаде бугарскиот премиер.