Полицаец од придружбата на Боки 13 суспендиран поради непpиcтojно однесување пред новинарските објективи (ВИДЕО)

Необјасниво глупаво однесување на возрасен човек пред објективите на практично целата медиумска јавност, па уште и на полицаец, и тоа од затворската придружба што го донесе Бојан Јовановски да дава исказ во Обвинителството за „Рекет“. Но ете, и тоа има во државичкава.

Имено, додека Боки 13 поради лошата здравствена состојба беше изнесуван на количка од зградата на Обвинителството, еден од полицајците, веројатно незадоволен од тоа што новинарите снимаат, буквално се врати во кадар и невербално (читај: со раце) им порача на новинарите нешто слично од типот „да ми се фатите“.

Веднаш по објавувањето на снимката, директорот на затворот „Скопје“ во Шутка – Есад Рахиќ, го суспендирал чуварот, а на барање на заповедникот покрената е и дисциплинска постапка против него, пренесува „Телма“.

 

- Реклама -