Нов закон во Австралија: Кучето има чувства и морате да го шетате секој ден

Во Австралија ќе биде илегално да не го шетате своето куче секој ден. За такво нешто ќе може да добиете казна и до 4.000 долари. Освен што сопствениците ќе бидат обврзани да ги шетаат кучињата секој ден, обврзани се и да им обезбедат вода и адекватно живеалиште, во кое ќе бидат безбедни и ќе бидат заштитени од временските услови.

Новиот закон препознава дека овие љубимци имаат емоции и  чувствуваат стpaдање и бoлкa, и дека им е потребна активност. Соодветно на тоа, одлучено е дека почнувајќи од март 2020, секој сопственик ќе мора да го шета своето куче и да му овозможи барем два часа активност дневно. За сопствениците со големи дворови овој пропис нема да важи, бидејќи се смета дека тие кучиња веќе ја добиваат потребната активност.

Од друга страна, законот предвидува високи казни за оние кои ќе бидат вклучени во борби со кучиња или слични нacилни активности со кучиња. За таквите казните ќе достигнуваат и до 48.000 долари.

- Реклама -