ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Катица Јанева го натераа и Ван Хојте да размислува за можен „заговор“

Поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за пржинскиот договор – Питер Ван Хојте, е разочаран од пропаста на Специјалното јавно обвинителство. Специјалната јавна обвинителка во притвор, СЈО е затворено, а обвинителите заменици на Јанева ќе се вратат во матичните обвинителства, иако со можност републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески повторно да им ги додели предметите на СЈО кои ги водеа и досега.

Сепак, СЈО беше симбол на стремежот на граѓаните за правда и правна држава, а формирањето на СЈО беше основата на Пржинскиот договор, истакнува Ван Хојте во интервју за „Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ)“.

Во интервјуто, Ван Хојте споделува и детали за тоа како течеле преговорите за СЈО за време на Пржинските договори. Вели дека бил изненаден кога двете најголеми партии делувале како да имаат внатрешен договор за изборот на кандидат за специјален јавен обвинител, конкретно Катица Јанева. Од денешен аспект, екс-посредникот не е сигурен дали тоа било добар развој на настаните, како што мислел тогаш, и се сомнева дека изборот на Катица Јанева бил дел од еден поголем договор меѓу партиите. Одговорот на таа дилема, вели Ван Хојте, времето ќе го покаже, но тој е убеден во дека изборот на Јанева не им пречел на СДСМ. Прашан чиј избор бил Катица Јанева, Ван Хојте одговара:

„Јасно е дека беше избор на ВМРО, тогашниот премиер Груевски ја предложи, но имав чувство дека на СДСМ не им пречеше“, вели тој во дел од интервјуто. За повеќе детали, вклучително и тоа дека на Ван Хојте му се смачило да ги чека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ буквално за сѐ да се консултираат со шефот – Никола Груевски, интервјуто погледнете го ТУКА.

- Реклама -