Збогум за неколку културни феномени

pileva_intro.jpg Со жалење ве известуваме дека неповратно загубивме неколку културни феномени. Се надеваме дека ќе продолжите да се сеќавате на музиката, романтичните комедии, шокирањето и секако, покојното човечко достоинство…
 


Со
жалење ве известуваме дека неповратно загубивме неколку културни
феномени. Се надеваме дека ќе продолжите да се сеќавате на музиката,
романтичните комедии, шокирањето и секако, покојното човечко
достоинство…



Романтична комедија

just_like_heaven.jpgРомантичната комедија беше општо прифатен жанр во кој гледаме како дечко и девојка се запознаваат и како по низа навидум ненадминливи пречки завршуваат заедно.

Причина за смртта е исцрпување.

Жанрот официјално почина во конференциската сала на Warner Brothers каде сценаристот Joe Bernstein понуди идеја за љубовните авантури на млекар и девојка алергична на млечни производи.

Романтичната комедија беше блиску до смртта во 2005 година поради Just like heaven, приказна за љубовта на еден човек и една жена-дух, но успеа да се извлече и живееше приклучена на апарати се до неодамна.jonas-brothers-3d-poster.jpg

Музиката
Обожаваната спојка на тонови почина поради издавање на Jonas Brothers: The 3D Concert Experience. Споменот за неа ќе живее уште долго.


Шок

pileva.jpg
Состојбата на емоционално вознемирување и разочарување на човештвото позната како шокирање почина пред два дена поради промоцијата „во живо“ на проектот „Кирилицо испеана“.

Кирилицо исмеана ја предизвика смртта со рафали: оркестар што се преправа дека свири, плејбек на познати пејачи што звучи полошо од остатокот од популацијата под туш, водителката која повикува духови (Ја повикувам на сцената Сашка Петковска да го прими признанието", рече водителката Маријана Станојковска на промоцијата на "Кирилицо испеана". Водителката и манекенка Станојковска на сцената ја повика легендарната македонската пејачка која трагично загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе во 1983 година), и секако изгледот на Александра Пилева која нема да се откаже се` додека сите не забележат каква рокерка е.

{youtube}p921EIcNvbI
{/youtube}

Човечкото достоинство

dont-ask-dont-tell.jpg

Ова и не е некое изненадување. Човечкото достоинство беше тешко болно веќе подолго време, умираше дел по дел по дел по дел по дел по дел….

- Реклама -