Најмалото јајце во светот?

јајцеЧовек од Западна Вирџинија тврди дека поседува едно од најмалите кокошкини јајца во светот. Но сè уште не е јасно дали се работи за светски рекорд. Дони Расел вели дека го нашол јајцето минатиот месец на неговата фарма. Јајцето е долго 2,1 сантиметри, само малку поголемо од монета од еден цент и тежи само 3,46 грама.

„Навистина е нешто посебно. Искрено да ви кажам, едноставно немам зборови за да го опишам“ изјавил господин Расел. Тој додава дека неговата сопруга е љубител на животни и дека собира мачки, гуски, патки, кокошки и други типови на птици. Во нормални ситуации тие ги донираат јајцата од кокошките на луѓето од Rock Creek Community Church, каде што господинот Расел е свештеник.

„И така, ние отидовме и ги собравме јајцата. Не им верувавме на сопствените очи. Гледавме со отворени усти околу пет минути пред да речеме нешто. Мислиме дека ова е некаков рекорд.“ Кокошката која го снела јајцето е со нормална големина. „Кога ќе видите вакво нешто, се прашувате како ли се случило вакво нешто? Сè уште не сме ја сфатиле ситуацијата.“

Министерството за Земјоделие го сертифицирало јајцето. Гинисовата книга на рекорди вели декка најмалото јајце во светот било 2,7 сантиметри, иако човек од Британија во мај тврдел дека нашол јајце кое било 2 милиметри помало. Господин Расел вели дека сè уште не се решил дали да поднесе барање за сертификација во Гинис. Тој планира да го зачува јајцето, на кое му го дал името Џон Спенсер Расел во чест на своите два внуци – Џон Кени Расел и Спенсер Метју Расел.

Државниот комесар за земјоделие, Гас Даглас, изјавил: „Ридовите во Западна Вирџинија се полни со изненадувања – очигледно имаме по малку од сè. Многу сум задооволен што господин Расел и останатите го одржуваат земјоделието во живот во Планинската Држава, и дека очигледно се гордее што е фармер во Западна Вирџинија. [Donnie Russell lays claim to world smallest chicken egg]

- Реклама -