Пилот спасил 82 патници, успешно го слетал авионот без предни тркала (ВИДЕО)

Авион на Myanmar National Airlines, поради дефект на предните тркала, морал принудно да слета на меѓународниот аеродром во Мандалај само на задните.

Пилотот најпрво го пријавил дефектот во контролата на летање, по што било побарано на двапати да прелета близу кулата за контролорите да проверат дали предните тркала навистина не се спуштени. Откако е потврден дефектот, пилотот продолжил со следење на безбедносната процедура и продолжил да кружи за да го потроши горивото, со цел да се намали тежината на авионот и со тоа – јачината на ударот при слетувањето.

На видеото се гледа како се одвивало самото слетување: откако слетува на задните тркала, пилотот глатко го спушта „носот“ на авионот такашто да не удри, туку да ја „допре“ пистата и да продолжи да лизга по неа.

На крајот, сите патници се безбедни и нема ниту еден повреден. Локалните власти, како и јавност, го прогласија пилотот Мјат Мо Аунг за херој. Неговата добро завршена работа се гледа и од насмевките на дел од патниците веднаш по евакуацијата на авионот:

- Реклама -