Благодарение на интернет, веќе на сите ни е јасно дека често ги потценуваме животните. Во морето од видеа документирани се бројни ситуации во кои луѓето се позитивно запрепастени од дружељубивоста, интелигенцијата, емпатијата и општо способноста на животните да нè изненадат со постапки кои изгледаат како целосно да ги разбираат нашите зборови и реакции.
Белуга китовите, на пример, често им „пеат“ или „пеат“ заедно со луѓето. Понекогаш се и руски шпиони. Со други зборови, очигледно се интелигентни и дружељубиви. Но сепак, би ви поверувал ли некој ако му кажете дека телефонот ви паднал во вода и белуга кит ви го вратил? За среќа, девојкиве го снимиле. Пазете ова:
Инаку, ова е снимено од Норвежанката Иса Опдал, во неделата во Хамерфест, Норвешка. Поради локацијата, многумина се убедени дека се работи токму за белуга китот кој наводно е обучуван во Русија.