Honda Civic – женски автомобил на годината

Компактниот модел од С-сегментот на Хонда, новата генерација Civic, е избран за најдобар автомобил во конкуренција на 300 возила од припадничките на жирито (членки на редакциите на специјализирани магазини за автомобили) од 12 држави.

Civic победи по сите критериуми кои членките на жирито ги сметаат за пресудни при купувањето на ново возило, каде во преден план е економичноста и добиеното за вложеното. Кон овие се вклучуваат и категориите: безбедност, големина на багажниот простор, пространост во внатрешноста, прилагоденост за деца, боја, однос кон околината, како и најважниот критериум за жените – естетика.

Оваа награда за Женски автомобил на годината пристигнува во вистински момент. На свеченоста на доделувањето на наградата, директорот на Honda Motor Europe, Тошаки Конака, истакнал:  „Наградата е потврда за силниот и единствен дизајн, со практична внатрешност и тенденцијата на Civic, како модел, да ги задоволи сите купувачи во најжестоката класа во Европа“.

Победници по категории:

  • Семеен автомобил – BMW серија 3
  • Луксузен автомобил – Range Rover Evoque
  • Спортски автомобил – Porsche 911
  • Најекономичен автомобил – Honda Civic

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -