Федерер добива смртни закани

Најдобриот светски тенисер Роџер Федерер пристигна во Шангај на турнирот од Мастерс серијата, а таму се соочува со непријатности по својот живот.

Наводно, одредени криминални структури му се закануваат на Федерер со атентат за да му изнудат пари. Организаторите на турнирот веднаш ги засилија безбедносните мерки за Швајцарецот, а тој ќе остане во Шангај и ќе настапи на турнирот.

Засега нема ниту една официјална изјава за овој случај, меѓутоа полицијата веќе ги презема сите мерки за најдобриот тенисер во светот, Роџер Федерер, да се чувствува максимално безбедно. Тој и неговото семејство ќе бидат под 24 часовна заштита, а се прават напори да се пронајде криминалната организација која ги упатила заканите.

- Реклама -