Новите роботи на Boston Dynamics покажаа како во иднина може да изгледа работата во магацин (ВИДЕО)

Со секое ново видео, Boston Dynamics одново нè потсетува колку извонредни можат да бидат роботите. За разлика од претходните, кои слободно можат да се опишат како страшни, овојпат BD ги претстави своите „Handler“-и, специјализирани за работа во магацин. Додуша и овие се страшни, ако работите во магацин и планирате да ја задржите таа работа.

Двата „Handler“-а на Boston Dynamics покажаа колку лесна задача може да биде редењето кутии на палета. Како што објаснуваат од BD, кутиите во видеото се тешки по 5 килограми, но роботот е дизајниран да работи со кутии тешки и до 15 килограми.

 

 

- Реклама -