Добил 1.17 милиони долари на лото, наградата ја подигнал маскиран

Добитник на лото џек-потот во Јамајка, својата премија од 158 милиони јамајкански долари (околу 1.172.000 американски долари), на телевизија во живо, ја подигнал во маска од популарниот филм „Врисок“.

Победникот, идентификуван како А. Кемпбел, кој ливчето го купил за околу 1.5 USD, вели дека обично ги запишува излечените броеви, па оди да јаде, па дури потоа ги проверува. Овојпат го погледнал ливчето и речиси се избезумил од радост.

Наградата ја подигнал на 5-ти февруари и вели дека веќе има план на што ќе ги потроши парите. „Сакам убава куќа. Уште не сум ја нашол, но наскоро ќе почнам со разгледување. Сакам да располагам со пари, не просам, не ни позајмувам. Па затоа барам нешта на кои можам да ги умножам парите. Имам мал бизнис, но планирам да го проширам, сакам и да купам стан. Обожавам да имам пари“, вели среќникот, кој очигледно смета дека познаниците или роднините, па можеби дури и некои криминалци, можат да му го поматат планот. Затоа Кемпбел на телевизија се појавил со маска.

 

Тој не е првиот добитник на џекпот на јамајканското Супер Лото што решил така да го крие идентитетот. Во јули жена која освои 180 милиони јамајкански долари по чекот дојде со маска на смајли што намигнува.

Многу пред нив, тоа го прават Кинезите.

- Реклама -