Руски вештерки фрлија магија, непријателите на Путин во паника

Готово е, Русија го освои светот. Група руски вештерки се собраа за да одржат „круг на моќта“ во знак на поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, и фрлија магии за кои веруваат дека ќе ја зајакнат Русија и ќе им донесат проклетство на нејзините противници.

„Царството на најмоќните вештерки“, како што самите се нарекуваат, се состанало во вторникот на 5. јануари во Москва на посебен обред. „Вонредниот“ состанок бил закажан откако утврдиле дека на Путин му е потребна малку дополнителна поддршка против „злите сили“. Со црни наметки и читање магиски книги, вештерките ги искористиле своите моќи за на Русија да ѝ дадат нова сила и да му помогнат на Путин да се носи со меѓународните проблеми.

Обредот траел околу 20 минути и бил одржан во поддршка на Путин бидејќи тој е лицето на Русија, соопшти Алона Полин – главната вештерка на Царството. Според неа, сè во врска со церемонијата било внимателно одбрано и пресметано – од датумот па до времето и местото на одржување, сè со цел „енергијата правилно да би можела да прејде“ кон Путин.

„Оној кој слуша и не слуша, кој гледа и не гледа, кој бил и кој ќе биде, нема да ги заборави моите зборови: Стани голема сило Русијо, расчисти го патот на Владимир Путин, вистинито и праведно, преку мојата реч“, гласела една од „молитвите“.

Покрај белите магии за Путин, вештерките фрлиле и разни проклетства за неговите непријатели:

„Кој нам ни доаѓа со зло, кој нам нè остава со зло, кој нам не повредува или говори зло, засекогаш, вечно и бескрано – проклети непријатели, проклети непријатели!“, прогласиле вештерките.

Тие не прецизирале од кого и против кого на Путин му е потребна поддршка и заштита, но една од нив сепак дала генерален одговор: „сите кои го напаѓаат“ и „злобните критичари кои треба да бидат замолчени“.

Но сепак, нека не ве плаши фактот што ете Русија наскоро ќе завладее со светот. Вештерките уверуваат дека магиите биле фрлани во насока на подобрување на животот на целата Земја, што ќе биде остварено, се разбира – преку Русија, па токму затоа и било потребно „вештерењето“ за поддршка на Путин…

- Реклама -