Враќање на заборавениот автомобил Ермини

Италијанскиот производителот на спортски автомобили Ермини ќе биде прероден наскоро. Се подготвува сосем нов модел што ќе го видиме веќе следната година. Првото возило од оваа марка е произведено во 1947 година, а последното во 1962. Автомобилите на компанијата учествувале успешно во голем број натпревари, а користеле мотори на Fiat.

Во моментов се подготвува сосема нова спортска машина, која засега го носи работното име 686. Тоа ќе биде возило со погон на четири тркала и со мотор во задниот дел. Каросеријата ќе биде од јаглеродни влакна.

Автомобилот ќе има спортска суспензија и моќни механизми за сопирање. Сѐ уште не е јасно  каков мотор ќе се вградува, но инженерите кои работат на проектот, велат дека ќе биде посветено особено внимание на економичноста, како и на екологијата.

За изгледот на Ermini 686, компанијата производител користи помош на Италијанецот Џулио Капелини, едно од најголемите имиња во креирањето на мебел, како и индустриски дизајн. Претходно Италијанците планираа да  преродат и друга марка, De Tomaso, а иницијатор на оваа идеја беше бизнисменот Жан Марио Росињоло, кој бил на раководни позиции во Lancia, Telecom Italia и Zanussi.

Работилница за дизајн Pininfarina направи концепт на првиот модел и започнаа подготовки за негова реализација. Работите сепак пропаднаа, откако Росињоло одлучи да  ги продаде правата за производство, а контролниот пакет на акции на компанијата беше купен од кинеската фирма Hotyork.

Во јули оваа година Росињола беше уапсен и обвинет за неовластено користење на 7,5 милиони евра, кои биле одвоени за проектот „преродба на De Tomaso“.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -