Несовесни тетовчани снимени како истураат ѓубре од трактор директно во Вардар (ВИДЕО)

Нема екологија без еколошка свест, а еколошка свест – нема. Меѓу безбројните примери, еве уште еден од село Стримница, општина Желино, тетовско.

„Село Стримница река Вардар. Неодговорни луѓе фрлаат сѐ што можат од тракторот во реката. Ова е трагично, итно е потребна жестока реакција од полицијата. Заплена на тракторот и големи финансиски парични казни. Без строги санкции, нема да имаме чиста околина“, реагираат од граѓанското здружение Еко герила од Тетово.

- Реклама -