Шангај го испринта најголемиот бетонски мост во светот (ВИДЕО)

Во Шангај, во квартот Баошан, отворен е најдолгиот пешачки мост на светот изработен со техологија на 3Д принтање. Проектиран е од професорот Su Wei Guo, а изграден од тим експерти од архитектонскиот универзитетот Cig Hua.

Мостот се состои од 44 3D испринтани бетонски компоненти. Долг е 26.3 метри, а широк 3.6 метри, што го прави најголем таков во светот.

Бетонските компоненти биле изработени од две роботски раце. Потребни биле 450 часа (18.75 дена).

Според проценките на експертите, неговата изградба чинела за 33% поевтино отколку кога мостот би бил изграден со конвенционален процес на изградба.

За разлика од традиционалните мостови, овој нема вграден армиран бетон. Изграден е од материјали кои издржуваат сонце и дожд и целосно ги задоволува националните градежни стандарди. Пред изградбата беше направен и помал тест модел кој покажа дека мостот ќе може да ги издржи пешаците кои минуваат но и застануваат на него. Во мостот е вграден и систем за следење на конструкцијата во реално време, кој би алармирал на евентуалните деформации и дефекти на структурата.

Според шефот на архитектонскиот тим, ваква сложена закривена површина на мостот, а изработена од бетон, била возможна само со технологија на 3Д принтање.

Овој во Шангај, инаку, не е првиот бетонски 3Д принтан мост. Првиот таков е отворен во октомври 2017-та во Холандија.

- Реклама -