Google ве носи на екскурзија (видео)

Новата апликација од Google, наречена Field Trip, ќе ви помогне со многу корисни информации за околината, кога се наоѓате на нова и непозната локација.

Слично како што е случајот со Google Now, оваа апликација нема да ви даде информации што мисли дека сакате да ги прочитате, туку ќе ви овозможи картички со податоци кои смета дека ќе ве интересираат. Тука се вклучени листи на ресторани во околината, со вклучени критики, интересни информации за местото каде што се наоѓате, факти за локалните споменици итн.

{youtube}zusjUjaiWJQ{/youtube}

Оваа апликација е интересен начин за дознавање информации за сите нешта што ве опкружуваат, но и корисна алатка кога одите на патувања. Апликацијата е бесплатна за преземање, но за жал, во моментов функционира само во рамките на САД (многу веројатно, за кусо време, опсегот ќе биде проширен во светски рамки).

- Реклама -