MyTracks Android апликација од Google за сите спортисти

Една од помалку познатите Андроид апликации издадени од Google е My Tracks, која се појави далечната 2009 година. Но, пред неколку дена, излезе официјалниот апдејт, со кој оваа апликација стана една од најдобрите апликации за спортување.

Со My Tracks имате можност да го следите својот напредок при трчање, возење велосипед, планинарење и сите други активности кои се изведуваат на отворено. My Tracks 2.0 е апликацијата со која ќе можете да ги следите рутата, времето, просечната брзина и уште многу други нешта; овозможено е паузирање на снимањето, а можеби најважна новина е тоа што резултатите се интегрираат со многу други производи на Google.

Така, изминатиот пат ќе можете да го експортирате во Google Earth за Андроид, Google Fusion Tables и Google Docs, но и да го зачувате во Google Drive, за потребите на подолгорочна анализа на вашиот спортски напредок.

Сите оние кои ја користеле претходната верзија на апликацијата можат да преземат апдејт, а сите оние кои сакаат од сега да започнат поспортски живот, можат да ја симнат од Play Store.

- Реклама -