Возило удрило во 8-годишно дете

На 21.08.2018 година во 22.30 часот на крстосницата од ул. „Славеј Планина“, ул.„362“, ул. „Македонско Косовска бригада“ и ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К. (46) од с.Блаце, скопско, удрило во осумгодишно момче од Република Србија.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, наведуваат МВР во Билтенот.

- Реклама -