Партијата Левица ќе бара поништување на референдумот

Од Левица најавуваат дека ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за поништување на одлуката за референдумот на 30 септември.

„Нашиот Правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи истата не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија“, се вели во најавата на Левица.

- Реклама -