Шведска гори, властите бараат помош

Шведска е зафатена од силни шумски пожари, поради што тамошната власт бара помош од другите европски држави.

Изминативе денови во Шведска избувнале околу 50 шумски пожари, поради како што наведуваат властите, нетипично високите температури за овој дел од годината. Помош ќе пристигне од Данска, Германија, Франција и Литванија, а на терен се веќе служби од Италија и Норвешка.

Температурите во Финска и Шведска надминаа 32 степени Целзиусови. Пожарите опфаќаат површина од 2.500 хектари. Метеоролозите и понатаму предупредуваат на екстремно високи температури и долготраен топлотен бран.

Рекордната температура над 33 степени Целзиусови е пријавена во градот Упсала, северно од Стокхолм, а во остатокот од земјата пријавени се температури од над 30 степени Целзиусови.

- Реклама -