Лидерска средба утре во 18 часот

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев за утре во 18:00 часот во Клубот на пратенциите закажа лидерска средба.

– Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија – се наведува во соопштението од Владата. (МИА)

- Реклама -